ПЦЕР: Ова не е задолжување, ова е дерење

0
1251

Како поинаку да го дефинираме прекумерното задожување – ќе ни ја одерат кожата и на пазар ќе ни ја продадат. Ете тоа е новата еврообврзница од 650 милиони евра, реагира денеска Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).

„Не само камата од 455 милиони евра, туку и 100.000 евра за одобрување, плус околу 200.000 евра за агентот, некоја позната банка, која ќе ги води работите во име на Министерството за финансии на РМ, плус осигурување околу 500.000 евра, плус 100.000 евра за депозитарот за хартии од вредност за водење на Регистарот на сопственици, плус за рекламирање во светски специјализирани списанија, ангажирање на признати агенции, патувања во странство, средби, ручеци, презентации и што ли не уште, работи кои ќе се платат со народни пари.

Колку ли само наши пари ќе завршат во џебовите на дебелите светски банкари, само Господ знае. А колку ли ќе се омрсат нашиве лудаци, само Ставрески најточно може да претпостави. Но, лудаците не би биле тоа, ако не го наградат и прошират и тоа.

Стварно е лудо и тоа ептен лудо да се задолжуваш, така наеднаш и во толку големи износи, и тоа во висина од една четвртина од Буџетот и една третина од вкупните даночни приходи. Ова ниту една земја не го направила досега, само лудата чоколадизирана Република Македонија. Ова не смее да помине! Луѓе, за нашите кожи се работи. Ова е дерење, а не задолжување.

Не лажеа со задолжувањата и тоа многу не лажеа“, се наведува во реакцијата на ПЦЕР.