АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Ситуацијата е пострашна отколку што може да се виде по медиумите, голем дел од настраданите не добиле никаква помош

0
1028

АПЕЛ ЗА ПОМОШ

Иако сум далеку добив неколку пораки од луѓе кои биле или се внатре во погоденото подрачје. Ситуацијата е пострашна отколку што може да се виде по медиумите. Голем дел од настраданите не добиле никаква помош. Ниту помош во вид на работна сила, ниту вода, храна, лекови, облека… Голем дел од нив не можат да отидат до пунктовите каде што пристига хуманитарната помош поради што е потребно намирниците да се разнесат до нивните оштетени и поплавени домови.

poplava-stajkovci

Апелирам до сите добронамерни граѓани денес и следните денови да отидат и да помогнат колку што можат повеќе. Посебно апелирам до највисокото раководство на АРМ и МВР да ја изнесат Армијата и Полицијата со максимален капацитет.

Толку сум огорчен, револтиран и тажен што ми се одмили повеќе да пишувам на ФБ.

Фејсбук статус на Генерал Стојанче Ангелов