Полицијата чека судско одобрување за претрес на комбето на Шарената револуција!

0
1104

pol_sta_proletПриведениот возач на комбето на шарената револуција, 54-годишниот Н.П, се уште е во полициската станица “Пролет”. Од адвокатот Мики Вуиќ, кој е со него во станицата, „Телма“ дознава дека истражните органи побарале од надлежен судија во претходна постапка, одобрување на наредба за претрес на возилото, кое во моментов е паркирано во кругот на полициската станица Пролет, во населбата Кисела Вода. Адвокатот нема информации за какво дело полицијата го сомничи возачот , ниту пак што бара во возилото.

Возачот на комбето од каде преку разглас на протестите се пушташе музика и снимки од бомбите, беше приведен околу 20 часот и 15 минути, по завршувањето на вечерашниот протест на “Шарената револуција”.

По добивањето на информацијата за  неговото приведување, околу 200 граѓани се упатија кон полициската станица во знак на поддршка за приведениот, барајќи негово ослободување.