ПОГЛЕДНЕТЕ КОЕ Е ОВА УДБАШКО КОПИЛЕ, ОВОЈ СЕ ПОНАША КО ОД ГРУЈО ДА УЧЕЛ : За Вучиќ не е кривично дело што српскиот разузнавач бил во Собранието

0
1759

Српскиот премиер Александар Вучиќ, по вчерашната неформална вечера на премиерите на земјите од Западен Балкан, на новинарско прашање за присуството на советник во српската амбасада во Скопје при насилствата во Собранието на 27 април, изјавил дека советникот не учествувал во кривично дело, ниту пак нешто организирал, јави агенцијата „Бета“.

Телевизијата „Телма“ завчера објави дека Горан Живаљевиќ, офицер на српската разузнавачка агенција БИА за време на нередите бил во Собранието.

Вучиќ одговарајќи на прашањето додал и дека некои од Македонија биле во Белград на протестите против него, нагласувајќи „Па што?“

Вучиќ за српските медиуми изјавил дека со мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, имал коректен однос и дека Србија сака да има добри односи со Македонија. Лидерот на СДСМ во интервјуа за српски медиуми го нарече раководството на Србија „националистичко“.

– Заев беше коректен вечерва. Не сакам да зборувам за приватните односи. Сакаме да имаме добри односи со Македонија и ќе ги имаме – порача Вучиќ.

Мета