ЕСМ ДОСТАВИ ПОНУДА ЗА ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ЕВН ХОУМ: ЦЕНАТА Е ПОВИСОКА ЗА 13,6% ОД ДОСЕГАШНАТА

0
623

АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100% од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година.

Понудата изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и е за 13,6% повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година.

“ЕВН Хоум како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешните тендери за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на своите потрошувачи за периодот јануари-јуни 2022, доби понуда само од АД ЕСМ. АД ЕСМ и на двата тендери (за 60% и 40% од вкупните планирани потреби) преку електронски аукции му понуди на ЕВН Хоум како Универзален снабдувач купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегават час” –  потврди ЕВН Македонија.

АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за првата половина од 2022 година.