Вистинска иронија е деновиве, кога по кој знае кој пат, оние кои буквално ја клекнаа земјата на коленици – да не речам ја легнаа на грб, кои ја претворија во де факто протекторат, кои со невидена непромисленост, незнаење и алчност ги урнисаа и најминималните потпирачи на суверенитетот на Земјата (сватен и во неговата екстремна форма на условеност од взаемната поврзаност и зависност со остатокот на светот) – денес повторно наводно ‘ги бранат’ достоинството и суверените права на нашата (нивната) држава.
Во такви услови, всушност, треба да се оценува постигнатиот договор меѓу владите на двете држави. Ако го ставиме за момент целото 27-годишно понижување, изживување над една мала држава која де факто никого не може да загрози, никому не може ништо (во суштина) да му украде ( и да сака), во услови кога западната демократија е во голема криза, каде што зборовите „западни вредности“ се повеќе магла за да се прикрие новата етапа на оживување на Хобс-ијанството, доминантноста на критериумите ’моќ’, ’воена, економска и политичка сила’, ’себични национални интереси’- тогаш Договорот е дури и подобар од можниот во дадениве околности.
Повеќе од колумната на Петар Гошев на Фокус.мк