Нова корупциска афера – како е „заклан“ инвеститорот на болницата „Шендети“ во Тетово

0
1518

На покана на Демократската унија за интеграции (ДУИ), во 2001-2002 година во Тетово се одржува средба со иселениците Албанци на тема „Инвестирање во родниот крај“. Поттикинат од оваа средба, иселеникот д-р Адил Мустафа, во 2004 година ја завршува изградбата на осумкатниот објект од 5000 метри квадратни и повеќе од 100 соби наменети за основање болница во приватна сопственост..Во месец август 2004 година, првите два ката на објектот се опремуваат и се адаптираат со исполнување на минималните законски услови за почнување со работа на поликлиниката „Шендети“.

SAMSUNG DIGIMAX 420
SAMSUNG DIGIMAX 420

Во оваа поликлиника, во почетокот се вработуваат дваесеттина здравствени работници. Работењето на поликлиниката од почетокот почнува да дава охрабрувачки резултати, кои ги мотивираат инвеститорот д-р. Мустафа и неговаата брачна другарка Сехаре Мустафа да подготват бизнис план за довршување на градежните работи на објектот, како и за целосно опремување со инвентар и потребна медицинска опрема од различини здравствени специјалности, за поликлиниката да прерасне во општа болница.

За жал, болницата „Шендети“ до ден денес не функционира. Д-р Адил Мустафа му ја раскажа на Плусинфо тажната приказна за корупциските притисоци, поради кои неговиот сон се уште не е остварен. Мустафа бара поддршка и од македонското правосудство и од македонската јавност да се ослободи од канџите на корупцијата и да ја доврши својата крупна инвестиција во родниот крај. Но, еве што му се случило.

Врз основа на подгоитвениот бизнис план, со пресметка за финансиската конструкција од 1.650.000 евра, износ кој гарантира довршување на целосните градежни недовршени работи и снабдувањето на инвентарот и опремата за другите медицински специјализации, Стопанска банка АД Скопје дава зелено светло за одобрување кредит. Во почетокот, се укажува потреба за користење на еден помал кредит од 170.000 евра ЕУР, кој би се употребувал за довршување на неминовни работи заради исполнување на минималните текнички услови на објектот, со цел потоа објектот да служи како можен хипотекарен гарант за одобрување и доделување на кредитот од 1,65 милиони евра од банката. Кредитот од Стопанска банка од 170.000 евра е искористен благовремено и со успех.

Целиот текст ОВДЕ