(ВИДЕО) НА ГРУЈЧЕ МУ ТЕЧЕ НИЗ НОГАВИЦИ, ИЧ НЕ МУ СЕ ОДИ ВО ЗАТВОР, ТАМУ БИЛО ПРЉАВО И ТРЕБАЛО ДА УЧИ И ДА СПРЕМА ДОКТОРАТ ЗА ЛОПУЖА!!!

0
2223

Со обемна молба напишана на повеќе од десетина страници адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски бара одложување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“. Молбата Груевски да не оди во затвор, е архивирана во кривичниот суд и судијата има рок до четврток да одлучи дали Груевски на 8 ноември ќе оди во „Шутка“ или ќе му даде дополнителни три месеци слобода. Груевски од „скопска единца“ одложувањето на затворската казна го бара со две незавшени работи. Ги образложува неговата актуелна пратеничка функција и докторатот, кој го одбрани пред речиси четири месеци. Сепак, во молбата треба да има цврсти докази и аргументи дека ако Груевски не си ги заврши работните обврски, ќе има поголема штета. Груевски и денеска не сакаше да коментира.

„Не би давал изјава сега. Можеби некој друг ден“, кусо рече поранешниот премиер Никола Груевски.

Во меѓувреме низ собраниските филтри тече постапката за евентуалното одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери, веќе му ја испратил пресудата „Тенк“ на претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски. Тој за 1ТВ вели дека дека ќе го запази рокот од 15 дена за закажување на седницата. Бидејќи Груевски не е осуден на најмалку 5 години, пратеничкиот мандат автоматски не му престанува. Според Уставот, мандат на пратеник може да се одземе со двотретинско мнозинство гласови.

„На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци“, пишува во членот 65 од Устав на РМ.

Груевски се жали и до Врховниот суд и очекува преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“. Но, до највисокиот суд, предметот сè уште не е пристигнат.

Две години затвор му донесе нарачката на блиндираниот „мерцедес“ на екс премиерот, во правосилната пресуда пишува дека Груевски влијаел противзаконско.