(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Хаос во здравството се случува и во Градската болница во Кавадарци

0
1234

Хаосот што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го направија во здравството се случува и во Градската болница во Кавадарци. Константната негрижата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните придонесе за катастрофалната состојба во оваа Болница, рече на прес конференција на претседателот на ОО СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев.

Болницата се наоѓа во огромни финансиски долгови и нема средства за тековно работење. Греење нема, па пациентите додека престојуваат мора самите да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Во болницата во Кавадарци нема доволно лекови и медицински помагала, пациентите мораат сами да си ги купуваат.

Нема чаршави, навлаки, перници, кебиња….

Хигиената е на лошо, крајно незавидно ниво.

Оваа Болница има недостаток на опрема како што е КТМ, гинеколошка сонда за контрола на бременост, лапароскоп, рентген апарат и ехо –апарат кои се неопходни за фунционирање на оваа болница. Дел од набавената опремата до ден денес не е ставена во употреба.

Во моментот има само еден рентген апарат и еден ехо-апарат коишто ги користат повеќе доктори од различни одделенија.

Болницата во Кавадарци со години има недостаток на лекари. Ренгенолози и анестезиолози доаѓаат од други градови. Има само еден гинеколог. На повеќе одделенија нема дежурства, па пациентите се приморани да патуваат до Скопје.

Оваа Болница опслужува повеќе од 70.000 пациенти и нејзината опременост и материјална но и кадровска мора да биде на највисоко ниво.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ буквално си поигруваат со здравјето на болните во Кавадарци но и во цела Македонија.

За Никола Груевски здравјето на граѓаните не беше важно, за него беа важни само тендрите и  провизиите од споменици тешки 630 милиони евра.

Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на дирекнта штета на здравјето на граѓаните.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните.