Мисини ќе штрајкува и без вода ако за 24 часа не се ослободат мигрантите од Гази Баба

0
1033

Суад Мисини кој веќе четврти ден штрајкува со глад поради ситуацијата со мигрантите во Македонија најавува радикализарање на штрајкот. Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус објавен денеска.

strajk_misini1-540x351

Ова е четвртиот ден од мојот штрајк со глад.

Властите не обезбедија никаков повратен одговор за моето трето барање: ослободување на притворените лица во центарот во Гази Баба и негово затворање.

Ситуацијата во центарот е неподнослива и потребен е одговор веднаш.

Барам премиерот Груевски јавно да го објави својот став во врска со ова прашање ВО РОК ОД 24 ЧАСА: дали оваа криза ќе се реши или не.

Доколку не даде дефинитивен став, тоа ќе предизвика мојата штрајк да биде целосен: не само без храна, туку и без вода.

Исто така, ако мојата состојба се влоши, одлучно ќе одбијам, било каква медицинска интервенција.