МВР повика на информативен разговор фирми кои работат со општина Центар

0
960

МВР телефонски повикала раководно лице на фирма која изведува дел од проекти на општина Центар на информативен разговор при што при повикот било посочен лицето да понесе целосна документација за извршените работи и проектите кои што ги има само со општината.

mvr1-3-centrala-540x3611-540x361

Од општина Центар соопштуваат дека ова не бил прв случај фирма која имала најдобри понуди и добила  на распишаните тендери со Центар да бидат под притисок на власта.

„Општина Центар прашува: дали овој “специјален“ однос, кој што власта го има кон единствената опозициска општина во градот Скопје е поради досега сработеното, поради големиот проект “Работно Лето 2015“, нелегално изградениот дел од седиштето на ВМРО – ДПМНЕ или пак, поради интервенцијата на општината во однос на огромните парцели на луѓе од врвот на власта, кои истите сакаа да си ги присвојат на нелегален начин, а беа спомнати и во “бомбите“ на опозицијата?

Инспекциските служби, за разлика од другите општини, се редовни “гости“ во општината“, стои во соопштението на општина Центар.

Понатаму велат „Општина Центар работеше и ќе продолжи да работи легално, а надлежните тоа можат да го исконтролираат во секој момент. Но ваквите заплашувања и притисоци не само што нема да не’ поколебаат, напротив – ќе работиме со се’ позасилено темпо, во интерес на граѓаните“.