МАКСО ДОНЕСЕ ЈАПОНСКА ПЛАТФОРМА ВО КУМАНОВО : Јапонија на општина Куманово донира 54.000 евра за поправки во ООУ „Браќа Миладиновсци“!

0
1107

Амбасадорот на Јапонија Кеико Ханеда денеска не посети во просториите на Општина Куманово.

По состанокот, се упативме во заедничка посета на реонските паралелки на ООУ „Браќа Миладиновсци“ во „Соколана“ каде што со проект за донација од Јапонија во вредност од 54.000 евра беше направена смена на вратите и прозорците, беа сменети подовите и се инсталираше парно греење.

После подолго време оваа училиште огревот на дрва го замени со парно греење. Амбасадорот Ханеда изјави дека Јапонија досега им помогна на 63 училишта во Македонија и дека поддршката ќе продолжи понатаму.

По завршувањето на настанот, потоа ја посетивме фабриката Термалифт, која соработува со јапонски фирми.