(ФОТО)МЕГА СКАНДАЛ – МОНСТРУОЗНО: ПОТВРДЕНО дека режимот ја жртвуваше малата Тамара, не била пратена во странство бидејќи ја чувале за промоција на спиналниот центар!

0
962

Документ до кој дојде Либертас открива дека Фондот за здравствено осигурвање на Македонија на 8-ми октомври 2014 година испратил допис со кој препорачува пациентите кои боледуваат од сколиоза, кифоза или кифосколиоза да не бидат упатувани на лекување во странство бидејќи „се работи за заболувања при кои не постои итност за оперативно лекување“.

7658769878

„Во крајна фаза на подготовка пред започнување со работа, а во рамките на јавните здравствени установи се наоѓа Спиналниот Центар со чиј делокруг на работење ќе бидат опфатени оперативните интервенции кај осигурениците кои имаат потреба од истите“, стои во дописот.

Дописот е испратен до директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, како и раководителите на Клиниката за трауматологија, Клиниката за ортопедски болести, Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, и Ургентниот центар.

Ова известувње било упатено и до првостепената и второстепената лекарска комисија кои одлучувале за случаите.

Повеќе ОВДЕ