КОЈ Е САТРАПОТ КОЈ Е УАПСЕН ВЕЧЕРВА: МЛАДО КУРЛЕ ОД ДЕЛЧЕВО, ВЕРЕН ИЗВРШИТЕЛ НА СИТЕ НАРЕДБИ НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ, ПРВО РАБОТНО МЕСТО НА САМО 26 ГОДИНИ МУ БИЛО ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ОД ТУКА СЕ ТРЕБА ДА НИ Е ЈАСНО!

0
2472

Не е само Миле ми текна, не е само Диме Спасов, не е само Илче Гебелс, не се само разни Нинџи и Кољовци и Југовци, има и други верни бројлери без грам мозок желни за пари за моќ и за привилегии кои пак даваат можност за курчење, жени, друштво, славје, луд живот каков што може да си дозволат само мафијашите и нарко босовите.

Од денешните и вчерашните сведочења доаѓа на виделина едно ново младо курле кое една деценија правело многу зулум и верно ги следело наредбите на Грујо и Мијалков. Владимир Атанасовски, на само 34 години ќе заглави на долга робија поради директно раководење со настаните на 27-ми април. Копилето дури отишло дотаму што донело камион пун со калашников и муниција и го паркирал пред собрание за да им се најде на тврдокорните во очекуваната пресметка со Албанците кои се очекувало да дојдат од Чаир, Арачиново и Сарај откако се слушнало дека Села е мртов а Талат Џафери е следен за линч.

Атанасовски во УБК доаѓа од директорската позиција во Управата за финансиско разузнавање, каде во 2010 година го наследи Ване Цветанов. Првите три години Атанасовски беше в.д. директор, а во 2013 од Владата беше именуван за директор.

„Владимир Атанасовски поседува меѓународна лиценца за финансиски евалуатор издадаена од МАНИВАЛ Комитетот на Советот на Европа за борба против перење пари и финансирање тероризам. Од позначајните проекти кои се поврзуваат со неговата работа се воспоставувањето на сигурносната мрежа за комуникација со банките, имплементацијата на проектот Виртуелна технологија за управување со системот, копија и заштита на податоците“, беше соопштено од Владата при неговиот избор во 2013 година.

За Атанасовски, кој по потекло е од Делчево, нема многу податоци во медиумите, иако имаше висока позиција во борбата со криминалот, перење пари и финансирање на тероризам. Речиси не се појавуваше во јавноста, ниту пак обелодени дека води истрага за некој случај.

За него е познато дека првото работно место го доби во 2008 година во тогашната Управата за спречување перење пари, на 26 години, веднаш по завршувањето на Економскиот факултет во Скопје. Пред да стане директор бил советник во Одделението за меѓународна соработка.

Неговото име се спомена кога „пукна“ аферата Актор и кога медиумите бараа одговори од Атанасовски што презема Управата за овој милионски скандал. Дури по неколкудневни прозивки оттаму се огласија со соопштение дека Управата за финансиско разузнавање на 11 Ноември 2013 година отворила предмет за испитување на случајот и утврдување на сите факти, како и евентуално утврдување на постоење на одговорност.

Но, поминаа повеќе години, а опозицијата објави и документи дека 3,5 милиони евра од парите за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица биле извадени во кеш од ангажираната градежна компанија „Актор“ и завршиле во нечии приватни џебови, но се уште нема информација до каде е истрагата и дали има осомничени.

Атанасовски ќе биде третиот директор на УБК за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. 9 години неприкосновен на таа позиција беше братучедот на екс премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков, кој лани во мај си поднесе оставка. На негово место дојде Љупчо Андоновски, кој претходно беше началник на Одделението за  безбедност и контраразузнавање. Андоновски, како што соопштија од Владата, ќе остане да работи во полицијата.