КОМЕДИИ И ТРАГЕДИИ: ШЕФИЦАТА НА ВМРОВСКАТА КОМОРА НА БИЗНИСМЕНИ СЕ ЖАЛИ ДЕКА МАЛКУ И БИЛЕ 100 МИЛИОНА ЕВРА ОД БУЏЕТОТ ЗА БИЗНИСМЕНИТЕ, ТРЕБАЛО ПОВЕЌЕ ДА ИМ СЕ ДАДЕ ОД БУЏЕТОТ ЗА ДА СИ КУПАТ УШТЕ ПО НЕКОЕ ПОРШЕ КАЈЕН?!?!

0
1324

Буџетот за наредната година е наменет за зголемувањето на платите во образованието, здравството и зголемување на пензиите, но не и како тоа ќе помогне стопанството и граѓаните да добијат подобри услуги, а трпат и капиталните инвестиции, смета претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска.

– Да почнеме најпрво со претпоставката за раст на економијата врз која се базира приходната страна на буџетот, веднаш се доведува во прашање целата негова конструкција. Во состојба на континуирани политички превирања имаше потфрлање на повеќе полиња во изминатата година, особено во делот на реализација на капиталните инвестиции, дополнително треба да се има предвид дека компаниите генерираат се помали добивки – вели Арсовска.

Според неа, нејасно е врз кои параметри е базиран проектираниот раст од 3,8 отсто за следната година, бидејќи шест месеци од годината се губат во избори кога се ќе биде во застој.

За начинот на кој се планира да се трошат парите од буџетот, Арсовска оценува дека можело да има поголема транспарентност со што ресорното министерство, преку широка стручна дебата ќе добиеше и инпут од засегнатите страни за тоа како да се подобри структурата на јавните трошења, но и за тоа колку приходната страна е реална.

– Од оние информации кои циркулираат во јавноста, заклучокот е дека буџетот е наменет за зголемувањето на платите во образованието, здравството и зголемување на пензиите, но не и како тоа ќе помогне стопанството и граѓаните да добијат подобри услуги, бидејќи системските проблеми нема да се решат на овој начин ниту ќе порасне продуктивноста на компаниите што го полнат буџетот за да можат да издржат повисоки плати и трошоци – вели Арсовска.

Од друга страна, додава таа, трпат капиталните инвестиции, поле на кое е потфрлено изминатата година, имајќи предвид дека имаме стратешка заложба за инфраструктурно поврзување на Македонија за побрз проток кое треба да остане во приоритетите, но и дека на овој начин се стимулира работата на над 20 стопански гранки.

Според Арсовска, финансирање на трошења кои нема да стимулираат раст на продуктивноста и подобрување на условите за работа на субјектите во приватниот сектор, кој е двигател на економијата, е тешка одлука за која креаторите на буџетот ќе имаат одговорност не само пред вработените во јавната администрација и пензионерите, туку и пред приватниот сектот кој вработува 80 отсто од вкупниот број граѓани во државата.

– Од буџетот тежок 3,9 милијарди евра за 2020 година, 109 милиони евра или околу три отсто се наменети за директна поддршка на приватниот сектор – истакнува Арсовска.