(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП – Ристески : Една недела Јованоски се крие од јавноста и не кажува кој и што гради во градскиот пазар

0
981

Веќе една недела молк од градоначалникот Илија Јованоски на нашите прашања за тоа што се гради во градскиот пазар во Прилеп.

Во нивни стил, како што и доликува на ваков башибозук на власт се закануваат со пријави за навреда на угледот и честа, кои патем ги изгубија многу одамна пред јавноста.

Една недела Јованоски молчи за прашањата кој и што гради во градскиот пазар и дали пред очите на сите граѓани тука ќе никне хотелско сместување?

Јованоски не кажува дали изградба на ваков објект е предвидена со урбанистичките планови на општината?

Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба?

Како е возможно инспекциските служби на општината експресно да реагираат и да отстрануваат скелиња за тутун и други објекти од јавните површини, а за градбата во градскиот пазар сеуште да нема детално објаснување што и како се гради?

Почитуван градоначалник,

Ве прашуваме, што е срамно да се излезе јавно пред граѓаните и да се даде одговор на овие прашања?

Целата јавност е сведок и се прашува што се случува во градот, само вие никако да соберете храброст и доблест и да се соочите со граѓаните.

Ајде барем еднаш во овие две години додека сте на власт испочитувајте ги оние кои пред избори ги молите за гласови и им ветувате се’ и сешто.

Во спротивно оставате сомнеж дека зад ваквите објекти се кријат низа нерегуларности и можност за кршење на законите и законските процедури.

ВМРО-ДПМНЕ овие прашања ќе ги актуелизира и пред Инспекцискиот совет на Република Македонија, како и пред сите останати надлежни институции.

На ваков начин како вас не се гради транспарентна и отворена општина како што ветувавте.

На ваков начин и со ваков однос се погазува волјата на граѓаните и се злоупотребува власта.

Уште еднаш ве предупредуваме, внимавајте! Внимавајте затоа што доаѓа власт која нема да простува и сите вакви случаи ќе бидат детално разгледани, а одговорноста и правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил пред законот.

Петар Ристески, координатор на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп