Како му текнало на Груевски за амнестијата?

0
1538

Кога во 2009.година се донесе Законот за помилување со кој му се ограничува правото на претседателот на државата да помилува кога сака и тоа без процедура и без предлог од Министерството за правда, Груевски тоа го нарече „голем напредок„ во спречувањето на можните злоупотреби од страна на тогашниот и од страна на било кој нареден претседател на државата. Даде и пример зошто тоа мора да се направи. „Замислете -рече тогаш- претседателот да има право да помилува по своја волја кого сака. Тогаш може многу лесно да се случи тој да се договори со некој криминалец да бидат украдени 20 милиони евра, потоа тој да го помилува крадецот , да му обезбеди да не биде казнет а парите да си ги поделат„.
Сето тоа тогаш звучеше многу логично и етично, а Груевски беше уште во фазата кога тврдеше дека со доаѓањето на неговата партија на власт, ќе бидат воведени нови стандарди во демократската пракса на земјата кои ќе мора сите што по него ќе дојдат на власт да ги почитуваат.

Но, во истиот момент додека го кажувал тоа, веројатно му текнало дека тоа и не е толку лоша идеја ако има сојуз меѓу криминалците и претседателот. И си го врзал тоа во крпче. По изборот на Иванов за претседател таа идеја денес станува реалност.

Откако стана јасно дека тој со неговите министри ,братучеди и кумови има украдено многу повеќе од 20 милиони долари, тој побрза на ,преплашениот и безличен Иванов да му ги врати овластувањата за „опрост на гревовите„ и е среќен што веќе никој нема право да му суди или да го казнува за било каков криминал и злоупотреби што ги направил. Со тоа ја пушти пораката дека денес во Македонија е доволно да сте во милоста на претседателот на државата и да не одговарате за најстрашните криминали кои би можеле да ви паднат на памет.

Фејсбук статус