СДММ: Да помогнеме на најсиромашните, во 2016 системски промени

0
951

Социјалдемократската младина на Македонија продолжува со хуманитарните активности на терен. Последните денови од годината се секогаш дополнителен мотив да помогнеме, да покажеме солидарност за оние на кои им е најмногу потребно.

Оваа година во континуитет помагаме, на многу социјално-загрозени домаќинства, граѓани со инвалидитет, ранливи категории.

Денеска се одржаа хуманитарни активности во Штип, Струмица, Свети Николе и Делчево.

Strumica-1

Младите од Штип го посетија Детското одделение при Клиничката болница, подарувајќи новогодишни пакетчиња за најмладите. Младите социјалдемократи од Струмица исто така поделија пакетчиња за децата од социјално-загрозените семејства. Во Свети Николе младите донираа облека и обувки за најранливите категории на граѓани, додека во Делчево се посети домаќинство и се донираа прехранбени продукти.

Еднократната помош никогаш не е доволна, но во овие предновогодишни денови ќе овозможи насмевка на многу лица и достоинствен влез во Новата 2016 година.
Затоа ги повикуваме граѓаните, во рамките на своите можности да помогнат на граѓаните кои се на маргините на општеството!

Година во која се обврзуваме на системски промени и решавање на проблемот со сиромаштијата.

Delcevo