(ВИДЕО) КАКОВ ШОК ЗА ВМРОЊИТЕ И ТОА ДИРЕКТНО ОД БЕЛАТА КУЌА ВО ВАШИНГТОН : ТРАМП, ХЕРОЈОТ ВМРОНСКИ ГИ ПОВИКА БОЈКОТИРАЧИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ НА РЕФЕРЕНДУМ И ДА ГЛАСААТ ЗА!!!

0
1863

Шефот за Балканот во американскиот Стејт Департмент, Метју Палмер, верува дека поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат на референдумот на 30 септември. Палмер, кој од неодамна и официјално го наследи Хојт Ји на позицијата заменик-помошник државен секретар на САД во Бирото за Европа и Евроазија, ова очекување го пренесе во интервју за емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат-М.

-Мојата порака до лидерите, до раководството на ВМРО-ДПМНЕ, до нејзините поддржувачи е дека референдумот е можност да се изнесе мислење. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ како партија ќе се согласи да учествува на референдумот, се надевам дека поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезат да гласаат. Ако се произнесат против референдумот, тогаш тоа е нивно право, зашто ќе ја имаат можноста да го кажат тоа мислење. Вообичаено, бојкотот не е успешна стратегија во демократските процеси и навистина се надевам дека сите избирачи во Македонија ќе ја искористат можноста да гласаат и ќе ги кажат ставовите за договорот од Преспа и, секако, се надевам дека ќе го поддржат договорот, изјави американскиот дипломат.

Прашан – што ако референдумот не успее, Палмер одговори дека тогаш „наредните чекори ќе зависат од властите во Македонија“.

-Не станува збор за правно обврзувачки туку за консултативен референдум, но политички е значаен и затоа верувам дека е важно што македонската јавност ја има можноста да се произнесе за договорот од Преспа, да даде поддршка или да изрази резерви. Потоа, Владата ќе може да ги земе предвид тие мислења во процесот што претстои, вели претставникот на Стејт Департментот.

За аргументот што се користи против Договорот од Преспа – дека дури и да го смени името, нема гаранции за Македонија дека ќе стане 30-та членка на НАТО, Палмер смета оти „лидерите на Алијансата беа многу јасни на состанокот во јули на кој на Македонија и упатија покана за прием – дека штом ефективно се реши прашањето за името меѓу двете земји, вратата за влез во НАТО за Македонија се отвора“.

-Не би  предвидел никакви проблеми или грижи во овој процесот, очекувам пристапувањето на Македонија во НАТО да продолжи ,,мазно” и брзо, одговори тој.

Во интервјуто Палмер зборува и за серијата неодамнешни корупциски афери на власта, колку тие го поткопуваат декларираниот реформски карактер на Владата, како и за најавите за „корекција на границите“ меѓу Косово и Србија.