Идните цимери на Грујо и бате Саше од затворите во Штип и Идризово најавуваат штрајк со глад

0
1482

11224422_903680993054996_7757218280529678106_n-540x324

Осуденици во казнено-поправните домови „Штип“ и „Идризово“ денеска ги одбиле ручекот и вечерата, откако претходно голем дел од нив се потпишале дека ќе започнат штрајк со глад во овие два затвора, објави 24 Вести.

Ваквиот развој на настаните следи по поднесувањето на предлог-иницијативата за измени во Законот за амнестија, поднесена од група граѓани со поддршка од семејствата на осудените лица.

„Предлогот е донесување предлог-закон за амнестија и за ослободување и за извршување на 40% од изречените казни. Поради условите во коишто престојуват осудениците, се дојде до голема иницијатива. Штипските осуденици, денес пред очите на странската делегација го ставија својот потпис за штрајк со глад, ручекот во моментот се одбива и штрајкот ќе трае до самиот позитивен одговор од страна на претседателот, а се’ со цел да ни се дозволи, да ни се даде позитивен одговор за распишување на Референдум, зошто право на Референдум имат и обичните граѓани.“, изјави Мери Николова – предлагач.

Директорот на затворот „Идризово“ ја потврдил веста за, како што рече – некакво случување.

„Званична најава со писмени барања од страна на осудените лица до овој момент не’аме добиено. Имаме информации дека мал дел од осудените лица имаат одбиено ручек. Ја следиме ситуацијата. Нашите инфорации се дека има такви можности, да се штрајкува со глад од страна на осудените, на дел од осудените лица во однос на поддршка за амнестија којашто ја планира некоја граѓанска иницијатива, некое граѓанско друштво.“, изјави Живко Пејковски – директор на КПД „Идризово“.

Слична потврда добивме и за штипскиот затвор, од Управата за извршување на санкции, каде според нив, само околу 15 осуденици одбиле да јадат, иако според информациите на „24 Вести“ таму само тројца прифатиле храна, поради здравствени причини.

Семејствата очекуваат во рок од три дена да добијат одговор од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски дали ќе биде прифатена иницијатива за измени на законот за амнестија.

Најавено е дека во текот на утрешниот ден на штрајкот ќе им се придружат и осудените лица од останатите затвори, а в понеделник, семејствата ќе се соберат на мирен протест, по што најавија дека ќе постават шатори пред зградата на Собранието и дека ќе бидат таму додека не добијат позитивен одговор. Доколку е негативен одговорот, затворениците најавуваат бунт.