Заев: Образот на Груевски му станал ѓон, лаже безочно!

0
1222

sdsm1

На денешната прес конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека Груевски е фатен во стапица и дека безочно лаже.

„Образот му станал ѓон. Но кога шилото на вистината ќе го пробие ѓонот, тогаш тој станува неупотреблив.Немало ни чест, ни преродба. Со години ја лажел Македонија“, рече Заев.

Го повика Груевски да си даде оставка и да ги ослободи и соработниците да си дадат оставки, и сите да си заминат од политичката сцена.

„Ние сме дел од нашиот народ. Секој е добредојден да ни се приклучи, но сега е вистинското време, затоа што залудно е кога после битката ќе се јават многу борци. Наша цел е Македонија да излезе како победник, а идните политичари да не помислат да прават вакви работи“, рече Заев.

Посочи дека секој што се огрешил од Законот и работел на штета на Македонија ќе биде откриен, без разлика на верска, етничка или партиска припадност.

Дестабилизација, рече нема да дозволиме иако Груевски испраќал пораки за дестабилизација и закани за семејства.