ЕКСКЛУЗИВНО : КРАХ во ВМРО-ДПМНЕ, Центарот за комуникации и лаги на ВМРО-ДПМНЕ пред КОЛАПС !!!

0
1082
До редакцијата на Народен Глас вечерва пристигна информација дека владејачката партија повикала на вондреден состанок во нивното седиште 40 млади активисти, членови на ВМРО-ДПМНЕ.
vmro3
Како што вели во пораката, лицето кое што ни се обрати вели дека самиот тој бил присутен на вечерашниот состанок.
На вечерашниот состанок биле присутни 40 младинци – средношколци. Состанокот го воделе министерот за здравство Никола Тодоров и сопственикот на информативниот портал Пулс24, Филип Петровски. Темата за вечерашниот состанок била црната кампања против лидерот на социјалдемократите Зоран Заев.
На присутните младинци, Тодоров и Петровски им поделиле листови каде што имало напишано по четири лажни фејсбук профили од кои секој од младинците треба да ги користат во црната кампања против Заев.
Покрај напишаните тези кои овие лажни профили треба да ги претставуваат на фејсбук, им било наредено да објавуваат и споделуваат вести од медиумите блиски на ВМРО-ДПМНЕ , Курир, Прес24  Пулс24, Нетпресс и останати.
Од страна на министерот за здравство Никола Тодоров на младинците им било ветено дека во наредните неколку дена ќе бидат ослободени од часови, да бидат фокусирани само на црната кампања на фејсбук против Заев и СДСМ. Интересен е фактот дека во моменти кога во државата врие од незадоволство од Тодоров, тој како мало дете се занимава со фејсбук профили.
Нашиот извор исто така вели дека е одредено лице кое ќе комуницира меѓу нив 40 и Тодоров и Петровски.  Тој додава дека во централните простории на владејачката партија чул дека Илија Димовски поранешниот шеф на центарот за комуникации моментално е на милост и немилост во рацете на Никoла Груевски.
Почнува ли да тоне бродот наречен ВМРО-ДПМНЕ, бегаат ли глувците како Илија Димовски први од бродот кој тоне.
За текот на утрешниот ден нашиот извор ни најави дека ќе ни го соопшти името на лицето задолжено за координација за новата интернет акција на ВМРО-ДПМНЕ.