ЕВЕ ГО ДЕМОХРИСТИЈАНСТВОТО ОД ТАЛИБАНЦИТЕ НА ДЕЛО : Трет случај на насилство насочено кон потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски за кус временски период, ИСЕЧЕНА ГУМА ОД ВОЗИЛОТО НА РЕМЕНСКИ!

0
1181

СДСМ најостро го осудува најновиот насилнички инцидент, во којшто е исечена гума на автомобилот на потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.

“Ова е направено во периодот вчеравечер, меѓу 18.30 и 22 часот, пред Владата на РМ, на 10 метри од куќарката на полицаецот, каде што било паркирано возилото, во време додека потпретседателката Ременски говореше на дебатата за правата на полицајците, организирана во Кампот на слободата.

remenski1-540x330

Случајот е уредно пријавен во полиција.

Ова е трет случај на насилство насочено кон потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски за кус временски период.

Пред месец и половина каменувана е семејната куќа на потпретседателката Ременски во Крива Паланка, во којашто живеат нејзините родители, при што се скршени прозорци на куќата. И овој случај е пријавен во полиција, но досега нема информации за спроведена истрага и резултати од неа. Претходно е уништен дворот на истата куќа.

Зачестените инциденти врз припадници и поддржувачи на опозицијата или критичари на власта упатуваат на политички мотиви.

Апелираме веднаш да се прекине со провокациите коишто не им носат добро на граѓаните на Република Македонија, а од чесните вработени во МВР очекуваме професионален однос и обелоденување на налогодавачите и извршителите на подмолните акти”, вели партијата.