Димитревски ВО КУМАНОВО ГО ,,ЗАПУКА” МИНИСТЕРОТ ЧАВКОВ : Министре Чавков , вистината боли

0
1455

Денешната посета на претставници на МВР, предводени од Министерот Чавков и директорот на бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски заврши неуспешно.

mitko-cavkov-1


Замислена како средба со граѓаните на Куманово, поточно од месната заедница Тоде Мендол, ИВЗ, советници и училишта доживеа фијаско , односно заврши уште пред да почне. Министерот Чавков видно вознемирен од присуството на Максим Димитриевски замина со  објаснување дека има итна и неодложна работа во Скопје иако средбата беше испланирана една недела порано..

Претседателот на Советот на Општина Куманово Максим Димитриевски отворено, без политички фрази го отвори прашањето за настаните од 9 и 10 Мај оваа година и зборуваше за реалната состојба на теренот. На главното прашање што се случи на 9 и 10 Мај не добивме одговор.Освен ставот дека состојбата е стабилна немаше одговор КОЈ, КАКО И ЗОШТО го организира настанот од пред нешто помалку од два месеци.
Граѓаните на Куманово бараат одговори!
На состанокот беа присутни и претставници на Амбасадта на САД и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија.
На средбата на предлог на претставниците на месната заедница Тоде Мендол и Претседателот на Советот на Општина Куманово ќе се формира заедничка патрола составена од граѓани, полицајци и советници за враќње на довербата на месното население во институциите т.е мвр..