ДОМ: Државата молчи за скандалот на Водно

0
1018

На Водно се прави обид да се исечат над 20.000 м2 шума, со што драматично ќе се намали зелениот појас кон Скопје. На дрзок начин, во интерес на нечиј профит, се деградира и натаму Водно, и најгрубо се крши законската регулатива за животната средина, истакна денеска Тони Ристов од ДОМ.

nasilstvo shumi - pres konferencija 01

– Нема никаква реакција од надлежните институции на национално и локално ниво, што јасно говори за некаква силна коруптивна врска помеѓу бизнис и политичките партнери во овој скандал. Со овој чин се доведуваат во опасност граѓаните кои живеат таму, но и сите жители на Скопје од свлечишта, земјени наноси и уште повеќе загаден воздух и деградирана животна средина. Очигледно е дека урбаниот простор на Скопје им стана претесен на овие т.н. „бизнисмени“, па со сите сили работат на тоа бетонската џунгла да ја пренесат и на Водно – нагласи Ристов.