Договорот е успех за СДСМ

0
1018

Веќе заборавивме дека само пред помалку од две години Груевски го досегна врвот на својата ароганиција, тврдејќи дека остварилил уште една голема и чиста победа на изборите, дека никој не смее да му го доведува во прашње мандатот,дека ниту тој ниту министри ќе поднесуваат оставки, дека не гледа причина за предвремени избори, и дека додека тој е на власт нема да дозволи некоја друга влада да организира избори во Македонија.

Gorgi_spasov_02
Откако почна Заев да ги обавува прислушуваните разговори се закануваше со судови, со апсења, тврдеше дека тоа се сечени, лепени и монтирани разговори и дека зад сето тоа стои обид за пуч подржан од некои странски служби.
До вчера зборуваше дека опозицијата е виновна за кризата, за влошувањето на економскта ситуација во „најдобрата економија„ на Европа дека таа предлага виткање кичма и ја ослабнува позициајата на Македонија во преговорите со Грција и дека сака без избори да дојде на власт а тој тоа нема да го дозволи.


Но денес Груевски преде како маче.Ги натера да понесат оставки и Мијалаков и Јанкуловска и Јанкиевски од неговата најверна дружина.
Прифатил да поднесе оставка пред Нова Година.Прифатил техничка влада да ги организира изборите.Прифатил Специјален обвинител кој ге ги истражува неговите криминали кои произлегуваат од прислушуваните разговори.Прифатил министри и заменици во владата што ќе ги предложи СДСМ.И сетоа тоа „за СДСМ да не избегал од изборите„ кои тој мисли дека ќе има повторно можности да ги фалсификува.
Ваквите премиери како него во Јапонија ги викаат: Јао Пао!!!


Треба само оние што ќе го гарантираат почитувањето на овој договор да не му дозволат да го третира како тоалет хартија, бидејќи од него и неговата дружина само тоа може да се очекува.

Проф. Ѓорѓи Спасов