КРИМИНАЛНА ПРЕСУДА ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ НА ПОЛНА ЛИНИЈА И ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СО ЕДЕН ЗАГИНАТ И 7 ПОВРЕДЕНИ: ЗОКИ КИЧЕЕЦ СЕ СПОГОДИ СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ДОБИ САМО 6 МЕСЕЦИ ЗАТВОРСКА КАЗНА НА СУД

0
1151

Само 6 месеци затвор доби Зоран Милески Кичеец за сообраќајката кај Стража во која 7 лица беа повредени, а 1 го загуби животот.

Според информациите од обвинителството, обвинетиот постигнал спогодба а судија на претходна постапка ја прифатил.
Причина за тешката сообраќајна несреќа во која 7 лица беа повредени, а 1 го загуби животот е претекнување на полна линија, велат од ОЈО Гостивар.
Според соопштението донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Според ОЈО Гостивар, на 4-ти септември на магистралниот пат Кичево – Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и ја загрозил безбедноста на другите учесници во сообраќајот.