Вработени во Министерството за труд и социјална политика тврдат дека Диме Спасов не доаѓа на своето работно место, а не го виделе ниту неговиот автомобил од денот кога тој направи неколку сообраќајни прекршоци (28 октомври 2016 г.).
Но, Марјан Гиевски, портпарол на Спасов, пак, тврди дека тоа не е вистина. На прашањето на „Мета“ дали дополнителниот министер за труд и социјална политика доаѓа на работа, тој по СМС ни одговори: „Да“.
Министерството за внатрешни работи на 29 октомври годинава соопшти дека Диме Спасов предизвикал две сообраќајки со возилото марка „туарег“ и избегал, а на полицијата ѝ се пријавило некое друго лице (М.Т.), но полицијата увидела дека не ги познавало околностите и заклучила дека тоа не управувало со возилото.
На трети Номеври Министерството за внатрешни работи поднесе и прекршочна пријава против Спасов.
Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ