ОТКУПЕНА РЕЧИСИ ЦЕЛАТА РЕКОЛТА НА ТУТУН, ТУТУНАРИТЕ ЗАДОВОЛНИ СО ОТКУПНАТА ЦЕНА

0
518

Реколтата тутутун е речиси откупена, а до крајниот законски рок има уште месец и половина. Досега се преземеи 98 отсто од ланскиот род по просечна цена од 288,1 денари, велат од Сојузот на земјоделските здруженија, нагласувајќи дека ваков брз откуп и побарувачка од 10 откупни компании не се памети.

-Откупени се 20 800 тони, што е 98 насто од целиот род. Квалитетот беше добар, се бараше тутунот и експресно се купуваше. Вакво нешто не паметиме. Со време укажавме дека нема многу род, ниту приближно колку што планираа откупувачите на околу 26 000 тони. Цената е солидна иако целосно не ги одразува зголемените трошоци за производство, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија. Откупувачите не смеат да ги затворат вратите зашто законскиот рок за откуп е до крајот на февруари и да се преземе она мало количество што остаало, а се процеува најмногу на 100-тина тони, ако не и помалку.