Грујо, ти посакувам непроспани ноќи, онолку колку што имаат родителите на децата со посебни потреби

0
1182

2gruevskiprint

Грујо види ваму! Јас сум 45-годишна мајка на две ќерки и само по тоа сме слични фала му на Бога! Јасен е криминалот што го имаш направено и исчекувањето е само со колку нули ќе биде крајот за кој нема никакви дилеми. И твојот крај се гледа и за тоа неизмерно ми е драго.

Од почетокот на вашата пљачка со проектот „Скопје 2014“ најголем впечаток ми оставија 250.000 евра за тажните врби. Тие никако, ама баш никако не можев да си ги објаснам (и се друго се рабира за чесен човек е неразбирливо, но нејсе). Ова вчера со твоето возило од 575.000 евра ми остави грутка во душата. Сакаш твоите ќерки да се возат во климатизирани седишта па и некое телевизорче да не им биде досадно де. Но комплекси се комплекси за тоа е потребна стручна помош.

Слушај ваму момче! Јас сум мајка на аутистично дете и знам дека не те интересира, но еве да ти кажам, тешко е многу да. Се мачиме, бараме начини што да правиме, како да си помогнеме, како да го оспособиме детето за самостоен пристоен живот. Бараме асистент кој ќе ја прати на училиште да биде платен од државата. Бараме дефектолог, логопед, психолог кој ќе работи во училиштата и градинките со децата со посебни потреби…

Листата е долга. Но знаеш што. Одговорот е нема пари! И јас се прашувам по што тоа твоите деца се повредни од моите и по што ти си повреден од мене? По ништо, но како што спомнав погоре, стручна помош е потребна кога човек ќе забега. Сакам да те опцујам онака сочно, но и покрај тоа што мајка ми не може да чита бидејќи нема ФБ, а татко ми е покоен две години, не можам да го направам тоа бидејќи домашното воспитување не ми дозволува. Така ме учеа моите. Чесноста, моралот и респектот кон другиот кој и да е да ми биде секојдневие.

Здравје посакувам на твоите деца, тие не се виновни за ништо. А тебе ти посакувам непроспани ноќи онолку колку што имаат родителите на децата со посебни потреби поради средниот прст кој го гледаат секогаш кога бараат помош од државата.

Фејсбук статус на Домника Кардула