МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА АКТИВНО ПРИМА БАРАЊА ОД ОПОЖАРЕНИТЕ РЕГИОНИ, ШАХПАСКА: ЌЕ ИМ ПОМОГНЕМЕ СО СОЦИЈАЛНА ПОМОШ НА НАЈРАНЛИВИТЕ И ВО УРГЕНТНИ СИТУАЦИИ СО ПОЖАРИТЕ

0
683

“Барањата за помош на најпогодените од огнената стихија ќе влезат во системот на добивање на социјална помош” – најави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа заедно со премиерот Зоран Заев го посети беровско-пехчевскиот крај.

По скенирањето на состојбата со пожарите од екипите на Центарот за социјална работа од Берово, кој е надлежен и за Пехчево и Делчево, барањата за помош на најпогодените од огнената стихија ќе влезат во системот на добивање на социјална помош. Кај нас повикот е постојано отворен и сите кои имаат потреба се обраќаат до центрите за социјална работа, потоа се излегува на терен и се прави проценка. Дополнително имаме и други алатки кои помагаат во урегентни и акутни состојби, како што е еднократната парична помош во одреден износ, кој би им помогнал на граѓаните. Ние сме подготвени да одговориме на потребите и барањата на граѓаните” – рече министерката Шахпаска.