Режимските пушинели од Основен суд Скопје 1 донесоа уште една СВАРОВСКИ одлука: „Бомбите“ не можат да бидат докази

0
981

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 на денешната седница донел решение да ја отфрли жалбата на Основното јавно обвинителство за „бомбите“ да можат да се користат како доказен материјал.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка за издвојување на доказите од списите на предмети на обвинителството се одбиваат како неосновани и решенијата на судија на претходна постапка со кои се издвојуваат докази – аудиозаписи од телефонски разговори и транскрипти од истите се потврдуваат“, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1.