ВНИМАВАЈТЕ: Ароматизерите и куќната хемија се погубни за здравјето на човекот

0
1569

Освежувачите на просторот и средствата за чистење се скриени убијци во домовите, училиштата и работните простории, а во најновиот извештај се тврди дека годишно предизвикуваат или придонесуваат смрт на 99.000 лица во Европа, објави британски „Телеграф“.

Извештајот поддржан од страна на здравствените организации во Велика Британија, Royal College of Physicians (RCP) и Royal College of Paediatrics and Child Health (RCPCH), предупредува дека за лош квалитет на воздухот во затворени простории придонесуваат различни производи за домаќинството, неисправни бојлери, спрејови и освежувачи на воздухот, кои како и средствата за лична хигиена се посочени како најопасни, затоа што обично содржат хемикалии што се течни или лесно испаруваат.

Освен тоа, одреден мебел, ткаенини, лепило и изолациски материјал содржат формалдехид, кој испарува и што ги иритира дишните патишта, односно белите дробови. И биолошките материјали кои можат да се пронајдат во куќата, како што се: прав, мувла и животински влакна, исто така, можат да му наштетат на здравјето на човекот.

„Загадувањето на воздухот во затворена просторија може да има негативни последици врз развојот на фетусот, особено на белите дробови и на бубрезите на детето, може да предизвика спонтан абортус, срцев удар и мозочен удар кај повозрасните лица, а поврзано е и со астма, дијабетес, деменција, дебелина и на крајот со карцином“, се наведува во извештајот.