СДСМ : Нервоза од правдата има во белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека е за владеење на правото и да го поддржи Законот

0
1128

Нервоза од правдата има во белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека е за владеење на правото и да го поддржи Законот за ЈО

Како што се размотува клопчето во случајот „Рекет“, така стравот и нервозата во ВМРО-ДПМНЕ стануваат се поголеми.

Заврши времето кога од партиски штабови се командуваше како да се водат истраги, како се нарачуваат судски процеси и пресуди.

Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Денес, правната држава функционира неселективно за сите.

Последните случувања покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки, нешто што беше незамисливо во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Како одговорна партија, ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште имаат шанса да покажат дека навистина се за правда и неселективно владеење на правото.

Затоа, ги повикуваме да дадат придонес да се донесе Законот за Јавно обвинителство и да докажат со дела, а не само со зборови дека се за неселективно владеење на правото.

Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока.

Секој кој ги прекршил законите ќе одговара.