ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата пред Уставен суд, но враќање на аболицијата на Иванов нема да има, отворените предмети мора да добијат разрешница

0
911

Единствените кои стојат зад иницијативата пред Уставниот суд се ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да ја оживеат аболицијата на криминалци од страна на Ѓорѓе Иванов.

За потсетување против тој чин на Иванов беа сите политички партии и слободоумни граѓани, освен ВМРО-ДПМНЕ.

Со отворање на вчерашната постапка на Уставниот суд за оценка на членот 11 од Законот за помилување се заканува голема опасност за постапките кои се водат за прислушуваните материјали.

ВМРО-ДПМНЕ во спрега со судиите и обвинителите под нивна контрола прават се за да побегнат од правдата, да го попречат владеењето на правото, да го урнисаат правосудниот систем.

Но тоа државата, граѓаните, институциите нема да го дозволат. СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, за да се спречат најавите да се врати незаконската аболиција на Иванов.

Ете можност за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да покажат дали се за правда или ќе слугуваат на криминалците.

Нова неуставна амнестија нема да има. Секој мора да одговара за делата и за злоупотребите што ги направил.

За предметите за кои се води постапка пред СЈО а сега се преземени од ЈО мора да има правна завршница, колку и тоа да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ.