Сеад Кочан обвинет за криминал со ископот на јаглен во рудникот Суводол и по него кривичниот суд распиша вчера потерница е во бегство.
МВР трага по обвинетиот бизнисмен и сопственик на тв Нова но според извори од министерството Кочан најверојатно преку илегален премин ја напуштил државата. Извори на Либертас откриваат дека избеганиот Кочан во моментов е во Шведска на пропатување до крајната дестинација Русија каде што веке побарал азил како политички емигрант. Скопскиот кривичен суд му одреди на Сеад Кочан бизнисмен близок на ВМРО ДПМНЕ 30 дена притвор на барање на СЈО кое го терети за злоупотреби со ископот на јаглен со што го оштетил државниот буџет за 17 милиони евра.
Телевизија Телма објави дека според нејзини извори Сеад Кочан ја напуштил Македонија вчера претпладне неколку часови пред судот да му одреди 30 дневен притвор.
Извор : Доказ