ВМРО-ДПМНЕ со нова подмукла игра во собранието – Собраниските служби ги блокираат медиумите

0
1247

Од службите на Собранието неколку минути пред продолжението на конститутивната седница, на медиумите им беше кажано дека нема да можат да ја снимаат седницата наводно бидејќи на местото за медиумите ќе седат дипломати.

Откако медиумите побараа да снимаат барем инсерти, од службите најдрско им беше одговорено дека ќе снимаат само тогаш кога новиот претседател на Собранието ќе дава заклетва.

Како опција на медиумите им беше понудено седницата да ја снимаат преку телевизорите во прес салата и повторно им беше кажано дека за џабе се дојдени.

Извор: А1он.мк