(ВИДЕО) Сугарески: Комисијата за лустрација да се укине и буџетот од 317 000 евра да им се даде на поплавените

0
819

„Според законот којшто е постоечки, Комисијата за верификација на фактите после 1 септември нема да продолжи со процесот на лустрација, но таа ќе постои уште најмногу 2 години со цел конечно завршување на предметите, кои што треба да стигнат од Управниот суд и од Виш Управен суд.

Воопшто нема потреба да постои ваков административен огран којшто целосно ја уништи државата, а 317 000 евра којшто се наменети за оваа Комисија да им се дадат на поплавените граѓани“, рече пратеникот Горан Сугарески по однос на предложените измени на законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, на 114-тата седница на Собранието на Република Македонија.