Уставен нема да расправа за СЈО, на потег е Шарената револуција!

0
902

Уставниот суд на наредната седница закажана за во среда нема да расправа за иницијативноста за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство.

На дневниот ред што го објави Уставниот суд се најдоа неколку други иницијативи, вклучувајќи ги оние за Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за изменување и дполнување на Законот за лекови и медицински помагала, како правилата за снабдување со топлинска енергија, но нема објаснување зошто ја нема иницијативата за уставноста на СЈО.

Шарената револуција му даде рок на Уставниот до 18 да се изјасни за иницијативата, бидејќи тоа е дополнителен притисок врз СЈО и го попречува слободното водење на истрагите и предистражните дејства за случаите кои произлегоа од прислушуваните разговори.

Доколку уставниот суд не го испочитува рокот, демонстрантите од Шарена револуција најавија дека „власта ќе ја земат во свои раце“, без да откријат што значи тоа.