(ВИДЕО) Спасовски: Департизирана и професионална полиција во служба на граѓаните

0
853

O.Spasovski-685x320На Македонија и е потребна промена, на Македонија и е потребна нова, одговорна, чесна власт, којашто знае да управува со ресурсите во интерес на граѓаните. Преку економската Програма на СДСМ, преку одговорен и чесен тим заеднички да работиме за остварувањето на определбите коишто претставуваат интерес на Република Македонија и интерес на граѓаните, рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи при посетата на Штип и Карбинци.

Мораме да отвориме ново поглавје, да има бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Да направиме се, овие негативни појави коишто се случуваа во изминатите 10 години и ја однесоа Македонија назад, да се променат, а граѓаните да имаат верба во институциите на системот.

Затоа мора да имаме сериозни реформи во правосудството, да имаме независно судство, ослободено од стегите на партиските интереси.

Мораме се да направиме безбедносниот систем навистина да стане столб на безбедноста во Република Македонија, да имаме професионализација, департизација и декриминализација на македонската полиција.

Затоа постојат низа мерки во овој правец во Програмата на СДСМ. Пред се враќањето на позорникарите-полицајци на улиците во градовите за да може да се подигне нивото на безбедност. На таков начин ја доближуваме македонската полиција до граѓаните, македонскиот полицаец станува пријател на граѓаните, нивен заштитник.

Навистина е потребно преку една сериозна реформа во македонскиот безбедносен систем, во македонската полиција да создадеме услови во коишто граѓаните ќе имаат верба во полицијата, а полицијата ќе нуди и подобра заштита.

Исто така во Програмата на СДСМ е предвидено да има и полициски омбдусман којшто ќе може да работи и да ги штити правата на граѓаните од постапувањето на полицијата. На тој начин да овозможиме постапувањето на полицијата да биде во согласност со законот, притоа штитејќи ги човековите права.

Меѓутоа за се ова да се оствари мораме да имаме и задоволни полицајци.

За нас е многу важно да процесот на реформи, просецот на професионализација, процесот на давање на шанса на професионалците во македонската полиција којшто сега го почнуваме, да го продолжиме многу посилно, со позајакнато темпо. За македонските полицајци навистина бидат задоволни во својата рабоота, да се обезбедат сериозни услови за македонските полицајци, да им се обезбедат потребните материјално-технички средства за да можат да работат, да имаат континуирана стручна надоградба и се тоа во функција на заштита на интересите на граѓаните на Република Македонија.

Едноставно можеме да имаме задоволни граѓани, безбедни граѓани на РМ ако имаме задоволни полицајци.

Задоволни полицајци коишто се вистински професионалци. Полицајци кои се влезени во македонската полиција не да ги штитат партиските интереси, туку напротив да ги штитат интересите на граѓаните на РМ.