(ВИДЕО) Спасовски: Да не се дискриминираат граѓаните Роми на граничните премини!

0
1409

Прес конференција
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работиoliver0211

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани.

Денеска имавме една средба со повеќе невладини организации кои што ги застапуваат интересите на ромската заедница во Република Македонија. Тоа беше средба иницирана од страна на овие невладини организации и поединци заради тоа што се соочуваме со еден сериозен проблем пред сѐ на дискриминација, односно враќање од граничните премини на лица од ромската популација на излез од Република Македонија.

Проблемот, е веќе подолг временски период, за кој што е дебатирано, разговарано со невладините организации, отварани се прашањата и во македонскиот парламент и овде во Министерството за внатрешни работи, меѓутоа, мислам дека кулминира во последно време бидејќи се соочуваме со водење на судски постапки, односно поднесување на тужби за дискриминација пред надлежните судови во Република Македонија. И сакам да ја информирам јавноста дека имаме четириесет и еден судски процес кој што е заведен пред надлежните судови во Република Македонија, а се однесуваат токму на дискриминацијата при излез од Република Македонија на припадниците од ромската заедница.

Денеска на овој состанок разговаравме околу овие аргументи, ги разгледавме сите законски можности, мора да кажеме дека има и неколку правосилни судски пресуди кои што претставуваат товар не само за Министерството за внатрешни работи, туку претставуваат товар и за Република Македонија. И се договоривме, заклучивме на овој состанок дека треба да се достави едно укажување за начинот на постапувањето на граничните премини коишто се однесуваат пред сѐ на недискриминација по однос на полот, по однос на расната, политичката, етничката, верска и друга припадност. Сѐ со цел ваквите негативни појави да бидат минато време во Република Македонија.

Да не го рушиме угледот, честа и достоинството на никој граѓанин на Република Македонија, ниту на припадниците на ромската заедница, а со тоа да успееме да ги намалиме можностите да се водат вакви судски спорови во кои што генерално се руши угледот и честа на Република Македонија во меѓународните рамки.

Ние имаме обврски превземено и со меѓународните договори, со Европското право и така натаму, меѓутоа во рамки на уставот, на законите и примената на Европското право треба да се изнајде решение кое што ќе значи недискриминација на било кој граѓанин на Република Македонија.