(ВИДЕО) Ордите пред ДИК фрлаат петарди кон прозорците на комисијата

0
1800

Пред зградата на Државната изборна комисија толпата поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ го скандираат името на партијата и повремено ги колнат и пцујат таканаречените предавници до опозицијата.

На улицата на кростосницната во центарот на Скопје кај поренашената зграда на НОВА МАКЕДОНИЈА каде што денеска се сместени повеќе институции, меѓу кои и ДИК, се запалени повеќе канти.

Во нив се пали оган, а на групата и беа испорачани дрва. Во моментов пред ДИК има огномети, се палат петарди, а огнометот се насочува кон прозорците на ДИК каде што тече продоложението од расправата по приговорите, јавува НОВАТВ.