(ВИДЕО) Марјан Стаменковски: Директорот на клиниката ми се нафрли со зборовите – Го пикаш носот секаде, па нема сега јас да ти го лечам!“

0
2140

„Го пика носот секаде, па нема сега јас да му го лечам!“ – со овие зборови сопственикот на порталот Доказ – Марјан Стаменковски, вели дека бил примен на Клиниката за уво, нос и грло. Со ургентен упат чекал операција на носот, но како што тврди тој, со потсмев и навреди директорот на Клиниката, Никола Николовски одбил да го оперира. Стаменковски најавува дека случајот ќе го пријави и во Лекарската комора, пренесе 24 Вести.

Screenshot_7

Директорот на клиниката, Никола Николовски, ги демантира ваквите обвинувања, оценувајќи ги како апсолутно неточни. Тој во разговор за 24 Вести тврди дека пацинетот професионално бил згрижен на клиниката каде му била извршена операција. Најавува и тужба за клевета.

 
LEKAR ODBIL DA GO OPERIRA MARIJAN STAMENKOVSKI… by 24vesti

Стаменковски заврши со 16 конци на главата, скшрени рака и нос, откако со шипки беше претепан пред десет дена во близина на неговиот дом. Се сомнева дека насилниците сакале да го замолчат бидејќи е критички настроен кон власта. Бара итно да се реши случајот и да се фатат напаѓачите кои тврди и се познати на полицијата.

Пред два месеца на сличен начин, двајца насилници максирани и со шипки го претепаа и сопственикот на Мактел – Саше Ивановски. Од МВР велат дека истрагата за инцидентите е се уште во тек и дека се трага по напаѓачите.