(ВИДЕО) Кирацовски: Криминали од 200.000 евра до милиони преку МИОА кај фирми на фамилијата?!

0
933

kiracovski-685x320Сакам да Ве известам дека дојдовме до сериозни индиции за вмешаност на Министерството за информатичко општество и администрација во незаконски тендери. Станува збор за наоди на профит од стотици, па до милиони евра, што завршувале, според документите што ги имаме, кај неколку компании блиски до фамилијата на власт, вели Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Денеска ќе соопштам информации што упатуваат на коруптивна и криминална позадина на дел од т.н. проект „Компјутер за секое дете“, што се реализираше преку МИОА.

За ова многу се говореше и пишуваше, но ова се официјални документи што конкретно потврдуваат местени тендери, местени услови за конкретни фирми и злоупотреби на народни пари.

Еве што се случувало:

Министерството за информатичко општество и администрација дозволило да биде избран поскап понудувач за набавка на лаптопи за учениците, иако постоел друг понудувач, којшто понудил иста конфигурација на компјутерите, а разликата во цена е скоро 2,3 милиони евра.

Понатаму, едно се бара во тендерската документација за набавка на компјутерите, друго стои во одлуката за примопредавање објавена во Службен весник, сосема трето е испорачано.

Во тендерската документација се бараат компјутери со меморија на хард диск од 80 GB.
Во објавата во Службен весник истите компјутерите имаат хард диск со меморија од 4 GB, аво реалноста, испорачаните компјутери имаат хард диск од 8 GB.

Има и други нерегуларности во процедурите за набавка на лаптопите, но она што денеска сакам да го нагласам е веројатниот криминал тежок над 200.000 евра!

Според тендерската документација и договорот, платени се 53.000 лаптоп компјутери за учениците, но до образовните установи се доставени 51.979, или точно 1.021 компјутер помалку.

ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ВО НЕЧИИ ЏЕБОВИ, САМО ОД ПЛАТЕНИТЕ, А НЕИСПОРАЧАНИ КОМПЈУТЕРИ, ЗАВРШИЛЕ ОКОЛУ 200.000 ЕВРА.

Во чии џебови завршиле над 2,5 милиони евра од разликата во цена и неиспорачаните лаптоп компјутери? На кого оваа државна институција, чијашто обврска е да се грижи за интересите на граѓаните, правела и други слични вакви услуги и за какви противуслуги?

Јавноста треба да знае дека во ова Министерство има многу чесни професионалци, кои не заслужуваат да бидат поистоветувани со соработниците на расипничката власт.

Овие индиции кои произлегуваат од документите кои ми беа доставени на увид ќе послужат во следните чекори што ќе ги преземеме за веројатните злоупотреби во коишто се оштетени граѓаните.