(ВИДЕО) Ангелов: Дали со притворот на Горан Груевски прекинува незаконското прислушување?

0
1022

Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР како контраразузнавачка служба на МВР досега се занимаваше претежно со контраразузнавачки активности за заштита на бизнис интересните на акционерското друштво ВМРО-ДПМНЕ, тврди претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, пренесува „А1он“.

– Едно прашање до министерот за внатрешни работи, дали со затварањето на началникот на петтата управа, Груевски ќе престане незаконското прислушување? Дали од денес натаму граѓаните ќе можат нормално да зборуваат на телефон без притоа да се плашат дека ќе бидат незаконски прислушувани, вели Ангелов.

Според него, тврдењата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска дека опремата за прислушување чини еден денар е поигрување со интелегенцијата на граѓаните и понижување на работата на Специјалното јавно обвинителство.

– Го прашуваме судот до кога ќе ја штити Гордана Јанкуловска и кога таа најпосле ќе отиде онаму каде што одамна требаше да замине. Во оваа прилика, Достоинство дава огромна поддршка до СЈО и воедно и благодарност за нивните активности со надеш дека СЈО ќе ја извади МК од калта и криминалот во којшто е заглавена, вели Ангелов.

Тој се сомнева дека поради жалбата која денеска адвокатите на Горан Груевски ја поднесоа на одлуката на Судот да го послуша Специјалното јавно обвинителство, тој би можел да биде пуштен на слобода, иако, според него, доказите се толку големи што не оставаат простор за сомнеж дека тој не го сторил делото.

Ангелов смета дека единствена причина што СЈО не побара притвор за поранешната министерка Јанкуловска е тоа што минатото барање за притвор беше инстантно одбиено од Судот.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ