(ВИДЕО) Заев од Прилеп: Државата е на прав пат, нашата борба нема да запре се до членство во ЕУ

0
1350

–Огромното мнозинство од граѓаните и од меѓународната заедница препознаваат дека државата е на „прав пат“. Нашата борба нема да запре се до членство во ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во прилепскиот дом на културата „Марко Цепенков“ насловена „На прав пат“, нагласувајќи дека Прилеп е нашиот предводник на правиот пат.

– Вниманието на цела Европа, па и на целиот свет е вперено кон нас затоа што испорачавме, сработивме. Целиот демократски свет го потврди нашиот успех, никој нема дилема, тоа е патот по кој треба да одиме и да продолжиме. На сите им е јасно дека сработивме многу, ги решивме билатералните односи, никој сега не зборува за меѓуетнички тензии, сме светски пример за Балканот. Тоа го говорат сите светски лидери. Генералниот секретар на ОН, почнува и завршува говор со преспанскиот договор. Тоа е темпото со кое треба да продолжиме. Нема да дозволиме повторно да не водат криминалци, да ја вратат државата од таму од каде ја извадивме, од калта, ќе продолжиме по правиот пат, порача Заев.

-Нашата татковина припаѓа на ЕУ и затоа не прифаќаме никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси, порача Заев.