(ВИДЕО) Десковска: Наместо еднаш во месецот, пратеничките прашања ќе се одржуваат еднаш неделно

0
1082

„Македонија мора да има институции кои ќе бидат отчетн и и отворени кон јавноста.

Токму затоа во Планот за живот во Македонија се обврзуваме на јавност во трошењето на буџетските средства!renata2810

Секој потрошен денар од Буџетот на Република Македонија ќе биде на увид кај граѓаните и сите ќе имаат можност да видат како се трошат нивните пари.

Ќе воведеме мерки преку кои секој граѓанин од својот компјутер ќе може да провери колкава е платата на секој јавен функионер и дали и колкави надоместоци зема за патни или други трошоци и слично.

Ова ќе претставува важен чекор во спречување на злоупотребите на властa.

Секој министер ќе знае дека негов контролор е секој граѓанин на Македонија.

Ќе ја зајакнеме и контролата на Владата од страна на Собранието. Досега министрите бегаа од соочување во Собранието, ескивираа од пратеничките прашања кои имавме право да ги поставуваме само еднаш месечно.

Заради зголемена транспарентност на Владата пред Собранието, наместо еднаш во месецот, пратеничките прашања ќе се одржуваат еднаш неделно, а наместо наместени и популистички телевизиски седници на Владата, јавноста ќе има целосен увид во сите владини документи и заклучоци како што се материјали за седници, дневен ред, записници, и одлуки.

Ова се само дел од мерките кои ќе ги обезбедиме со цел да оствариме вистинска транспарентност на клучните државни институции. Со ваквите мерки имаме план да создадеме праведно и сигурно општество.

Граѓаните ќе вршат контрола над власта, а власта ќе работи транспарентно и единствено во служба на граѓаните. Единствено на ваков начин граѓаните ќе ја вратат изгубената доверба во институциите“, изјави Рената Тренеска – Дескоска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.