(ВИДЕО) Генерал Ангелов пред МРТ: Ќе ги гониме до крајот на светот, ќе им го земеме последното евро од банките

0
1250

stojanceAMRT21M-685x320

Никола Груевски ние те знаевме, но сега сите ќе те дознаат, му порача поранешниот генерал, Стојанче Ангелов, на премиерот на Владата, за време на неговиот говор пред граѓаните кои денеска протестираа за ослободување на МРТ, пренесе А1он.

Насобраните граѓани го поздравија Ангелов со овации и скандирања откако тој застана на говорницата пред МРТ. Лидерот на „Достоинство“ уште еднаш побара од уредникот на МРТ, Горан Петрески, да поднесе оставка. Неговата намера, рече тој, не е да ја окупира МРТ, туку да го принуди раководството да ги емитува бомбите.

– Бараме да ја ослободиме телевизијата од стегите на режимот не да ја окупираме. Бараме бомбите да бидат емитувани, а Горан Петрески треба да си даде оставка, но како кога парите се слатки, 2000 евра не се оставаат така лесно – рече тој.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=UC41HMoVjJ8[/youtube]

Ангелов ги повика граѓаните да им даваат снимки со бомбите на своите сограѓани и пријатели за што повеќе луѓе, рече тој, да се запознаат со вистината за Македонија. Тој најави дека ќе оди со кола и звучници во најтврдокорните вмровски гнезда, како што рече, за им ја пренесе вистината на сите граѓани. Како мали политички гранати, рече тој, низ цела земја ќе расфрла цедиња и USB-еа со овие разговори.

– Гарантирам дека режимот ќе падне, но сакам да видам до каде можат да одат. Ќе ги гониме до крајот на светот, ќе им го земеме последното евро од банките. Ме нападнаа од Курир дека сум имал поддршка од СДСМ, но јас имам поддршка и од чесните припадници на ВМРО-ДПМНЕ – рече тој.

Видео – А1он