(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Здружението “Тодор Александров” – Љубители на нацизмот и гушкачи на Хитлер

0
2599

На денешната прес-конференција СДСМ- Крушево потсети дека одговорноста за сквернавењето на прославата на Илинден, празникот со најзначајно место во историјата на Македонија на Мечкин Камен, вчера и официјално ја презеде здружението „Тодор Александров“:

„Јавноста има право да знае кои и какви лица ја угушија прославата на Мечкин Камен и свиркаа кон опозицијата на Илинден лажно претставувајќи се како македонски патриоти.

Како неформален лидер на здружението „Тодор Александров“, кој носеше транспарент со неговиот лик на Илинденскиот марш, се јавува лицето Љупчо Ѓоргиевски, вработено во ЕЛЕМ, од Битола.

Лицето Љупчо Ѓоргиевски, кое се претставува дека работело во ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не ја крие својата приврзаност кон фашизмот и фашистите.

firer

Неформалниот водач на здружението кое се крие зад името „Тодор Александров“ отворено објавува нацистички симболи и расистички пораки.“

musolini

СДСМ укажува на објавување фашистички фотографии од Мусолини со слоганот „Подобро да живееш еден ден како фашист, отколку 100 како комунист“:

СДСМ укажува дека се објавуваат „фотографии од Хитлер, а и од членови на неговото здружение како ја гушкаат восочната фигура на Хитлер.

hitl

Најстрашно од се, објавува фотографија на дете со нацистички поздрав и објаснување „SS jungen !!!“

Членот на здружението „Тодор Александров“ кое обвинува за „скернавење споменици“ има објавено и фотографија како уринира врз споменик на Тито.

todoraleksandrov11

СДСМ укажува дека се објавуват фотографии од членови на здружението „Тодор Александров“ фотографирани со автоматско оружје пред партискиот амблем на ВМРО-ДПМНЕ и фотографии со пиштол и кама:

todoraleksandrov5 todoraleksandrov8

СДСМ јавно бара да се забрани натамошно учество на здружението „Тодор Александров“ на Илинденскиот марш заради отворена промоција на фашистички идеи од страна на неговите членови и величање на ликови кои отворено го негирале идентитетот на македонскиот народ:

„Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцира од тнр. „патриотско“ здружение „Тодор Александров“ и јавно да ги осуди сите акти со кои се промовираат фашистички симболи и идеи.

vida

Во спротивно, ќе ја третираме партијата ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски како поддржувач на фашизмот и негирањето на Македонците како засебен народ.

Бараме од МВР да ги истражи фотографиите на кои се промовира оружје, да испита дали истото е легално, и да преземе мерки против сите незаконски активности, вклучително и против актите на ширење на расистички и фашистички материјали преку компјутерски систем.“

todoraleksandrov9