БРАВО ЗА ДИМИТРОВ, ОДЛИЧЕН И ИСТОРИСКИ ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ, ПО ОВА ГРУЕВЦИ ЌЕ ЦРКНАТ ОД МАКА : Димитров во Албанија договори прва заедничка владина седница на Македонија и Албанија!!!

0
2598

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари официјална посета на Албанија, на покана на шефот на дипломатијата Дитмир Бушати.На средбата, министрите разговараа за повеќе прашања од заеднички интерес, со акцент на интензивирање и зајакнување на политичката, економска и особено инфраструктурната и енергетската соработка. Воедно, министрите договорија оваа есен да се одржи прва заедничка владина седница помеѓу Македонија и Албанија, како и одржување на редовни политички консултации по прашања од билатерален и регионален интерес.

PRESS-RA-1-800x433

Беше реафирмиран и заедничкиот интерес за унапредување на состојбите во регионот и регионалната соработка, во духот на европските и евроатлантски вредности. Се разговараше за можностите за реализација на заеднички проекти со користење на средства од ИПА фондовите, особено во контекст на унапредување на интерконективноста. Министрите ја нагласија потребата од изградба на Коридорот 8, како и железничката пруга Кичево-Охрид, со крак до Лин. Беше потврден заедничкиот интерес за поскоро профункионирање на Мешовитиот комитет за економска соработка.

Во Тирана министерот Димитров имаше средба и со претседателот Илир Мета, на кого ова му беше прва билатерална средба по неговата инаугурација на 24 јули.На средбата претседателот Мета истакна:

„Стабилна Македонија значи стабилност и за Албанија, просперитетна Македонија значи и просперитетна Албанија“. Претседателот додаде исто така дека двете држави треба да работат заедно секаде, да покажат соработка и солидарност.

Извор : МакФакс